26 Април, 2024
0.0751

НЛБ Банка и Одбојкарска федерација во заедничка битка за европската иднина на македонската одбојка

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка АД Скопје на денешната конференција за печат го објави своето ново едногодишно спонзорство со Одбојкарската федерација на Македонија која во моментов е во подготовки за учество на Европското првенство во одбојка – мажи 2021. Со овој договор НЛБ Банка станува Генерален спонзор насениорската машка репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство.

НЛБ е континуирано посветена на поддршка и развој на спортот, како и афирмација на нашата земја преку спортски успеси, а со годишниот договор за соработка и спонзорство, Банката ќе го краси спортскиот дрес на одбојкарите за време на Европското првенство кое ќе се одржи од 1.09.2021 до 19.09. 2021 година, но и на сите останати натпревари на кои ќе учествува сениорската машка репрезентација на Македонија во период од една година.

„Да се биде Генерален спонзор на машката сениорска репрезентација претставува огромна чест и привилегија, особено што за неколку месеци ќе ги браниме боите на нашата земја во европско друштво. Кога имате два победнички тима, успехот е неизбежен, а ние од срце веруваме во нашите момци со кои соработката ја отпочнавме уште пред неколку години и во континуитет ја градиме меѓусебната доверба. Посебно сме горди на нивниот актуелен пласман на европското првенство, и ќе ги испратиме со огромна надеж и желба за унапредување на резултатите од предходниот континентален собир. Во НЛБ Банка поддршката на спортот е една од носечките категории во сегментот општествена одговорност и неговиот развој и унапредување отсекогаш биле од голема важност. Се грижиме за домашните спортски потенцијали и инвестираме во македонските одбојкари кои ќе ги бранат боите на нашето македонско знаме во септември. Да навиваме за нив и да им бидеме ветер во грб на терените.“ - изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Изминатата година беше исклучително тешка за спортистите, посебно имајќи ги во предвид рестриктивните мерки со цел одржување на дистанца и заштита на личното и јавното здравје. Ова значеше откажување на голем број натпревари или пак одржани натпревари во празни сали без навивачката публика. Нашите одбојкари покажаа големо срце и со огромна посветеност и труд, во исклучително тешки и вонредни услови успеаа да остварат историски резултати.

Благодарни сме што НЛБ Банка ја препозна и поддржа нашата визија за што подбра презентација на Македонија и македонската одбојка во меѓународни рамки. Нашата федерација допрва ја чекаат големи eвропски натпреварувања: 2022 Европски шампионат во одбојка за жени до 19 години, во период меѓу 15.08 – 15.09.2022. Како и една група од Сениорско Европско Првенство 2023 година со што нашата репрезентација повторно ќе биде во друштво на најголемите! Се надеваме дека со несебичната поддршка и партнерство кои ги добивме од НЛБ Банка, ќе успееме да бидеме главните актери во една убава македонска одбојкарска приказна којашто несомнено ќе влезе во нашата спортска историја. Уште еднаш би сакал да Ви се заблагодарам на подршката, во мое лично име и име на една скромна федерација со големи соништа.“-изјави Петар Јовановски претседател на Одбојкарската федерација на Македонија.

Спонзорствата и донациите во спортот отсекогаш биле важен сегмент во работењето на НЛБ Банка. Нивната активност во овој дел е доказ дека тие многу добро ја разбираат потребата да се биде помагател на клубовите, федерациите и индивидуалните спортисти со цел подигнување на нивото на нивната работа, како и обезбедување на соодветни услови за постигнување на посакуваните спортски резултати.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?