11 Мај, 2024
0.0270

НИКОЈ НЕ МИСЛИ НА БЕРОВЧАНИ: Скоро година дена се без превоз

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Градот Берово скоро година дена е без превоз откако почна пандемијата на коронавирусот.

Eсента пишувавме за овој проблем, но досега работите стојат во место и ништо не се сменило во корист на беровчани. Жителите се разочарани и велат дека ова е големa потешкотија за нив. Автобуската станица во градот не работи, а линии кон соседните градови нема. За граѓаните останува опцијата да патуваат до главниот град со една линија на кочански превозник, но директни линии и сообраќајни врски како пред пандемијата немаат. Немањето превоз е сериозен проблем за постарите кои често пати имаат потреба да одат на лекар до Штип или Скопје, а поретко и до Делчево или Македонска Каменица.

„Постарите луѓе се за жалење. Доколку имаат потреба да одат на лекар таксистите ги „дерат“. До Штип им наплаќаат по 1.500 или 2.000 денари, а до Скопје и до 4.000 денари. Кој може да одвои толку пари за патни трошоци? Навистина е многу скапо. Ние кои издаваме соби сме без туристи затоа што оние кои се млади под 18 години обично патуваат со автобус, а сега не ни доаѓаат, се откажуваат од намерата да дојдат штом нема сигурен превоз. Трпи и туризмот. Дури и за купување на облека, обувки луѓето претходно си патуваа до Кочани, Штип, но сега тоа не е можно. Ова е веќе претерано, скоро година дена сме без превоз и сакаме да се врати како што беше претходно. На младите им е полесно, се снаоѓаат, пишуваат во групи, прашуваат за превоз, се организираат со автомобили“, вели жена од Берово.

Постарите жители на градот раскажуваат дека за прв пат по долги години се случува Берово да биде отсечено со превозот.

„Од 1956 година ваков проблем со превозот немало. Јас си одам со автомобил ако имам потреба, и децата исто се организираат со приватни возила, но ова е сериозен проблем за градот. Има само една линија кон Скопје и тоа е сѐ. Пред пандемијата дневно имаше најмалку пет линии кон Скопје. Надлежните ако сакаат можат да помогнат, но не ги интересира за народот“, вели Ванчо Николовски, жител на градот.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека компаниите си добиле линии, но поради пандемијата одлучиле да не сообраќаат и тука тие немаат надлежност да реагираат. Од компаниите за транспорт на патници велат дека не знаат кога возниот ред ќе се врати во нормала, а при тоа наведуваат дека не сообраќаат поради пандемијата на коронавирусот, но и поради намалниот број на патници и намалената рентабилност.

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа