НИ КРИВА НИ ДОЛЖНА: Ова е девојката поради која изби тепачката во Закинтос каде настрада Американскиот државјанин
Објавено во: Балкан 18 Јули, 2017
Наводната причина за караницата која доведе до брутално убиство на 22 годишниот Американски државјанин Бакари Хендерсон на Закинтос е младата Даница која има 26 години. Клучот на мистеријата кои се вистинските убијци на несреќниот американец можеби би можел да биде во нејзиното сослушување.
Даница наводно во своето прво сведочење не открила многу за самиот настан велејќи дека не се сеќава точно кој се учествувал во тепачката, пренесува грчкиот портал dete.gr.
Меѓутоа, во следниот исказ, рекла наводно дека до тепачката дошло поради тоа што еден од Србите и замерил што се наоѓа во друштво на Американци. Еден од Српските државјани го удрил Бакари по што овој му удрил флаша во глава.
„Отидов со тројцата Американци. После пет минути се вратив и видов како на улица лежи Бакари, без свест и како му тече крв од очи. Еден од Американците бил покрај него и се обидувал да му помогне “, изјавила оваа девојка.
„Сакам да додадам дека не забележав некој од персоналот да се вмешал во тепачката или да удриле некој.
Рекла дека ги гледа прв пат и дека кога повторно ги видела, не би ги препознала бидејќи била под дејство на алкохол и дека се брзо се одиграло.