19 Мај, 2024
0.0404

Несекојдневен спектакл во центарот на Скопје

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Повеќе од 8 илјади учесници денеска трчаа на улиците низ Скопје каде од 8.45 часот започна 12-то издание на Виз Ер Скопски Маратон. Меѓу рекордниот број на учесници на стартот најголемо внимание привлекоа 10-те маскирани анонимни тркачи кои држејќи се заедно како една целина беа вистински визуелен симбол на 5-та глобална цел, Родова Еднаквост. Оваа цел е една од 17-те глобални цели за Одржлив Развој на Обединетите нации кои беа усвоени оваа година и кон кои треба да се стремат скоро сите држави во светот.

6

Десетте маскирани лица трчаа на 5-километарската трка и притоа означија дека без разлика на полот, секој има еднакви шанси да биде победник на маратонот или пак на било која трка во животот.

7

На мистериозните учесници им се придружија и две познати лица од македонската јавност, кои дури по завршувањето на 5-километрската трка ги открија свои идентитети пред присутните. Познатиот ТВ водител, Марко Новевски и најдобрата кошаркарка на Република Македонија за 2015-та година, Едина Муса, ги изненадија илјадниците граѓани кои беа сведоци на овој спекаткл кој за прв пат се случува во историјата на Скопскиот маратон во Македонија.

8

„Сакам да им честитам на сите што одлучија да трчаат, без разлика дали веќе ја завршија 5 километарската трка или сè уште се пробиваат по подолгите патеки. Трчањето на долги патеки, како што сите знаеме бара посветеност и упорност – а истото е потребно и за родовата еднаквост. Борбата за еднакви права помеѓу мажите и жените е маратон од историски пропорции. Иако остваривме добар напредок кон оваа цел, сè уште ни преостанува многу за одење. Сметаме на вашата поддршка за да стигнеме до финишот. Во име на Обединетите нации и на ЕУ ви благодариме на сите што ни се приклучивте во овие напори“-изјави Луиза Винтон, Постојан координатор на ОН во Република Македонија.

9

Како дополнување на овој хепенинг кој предизвика вистинско воодушевување на плоштадот Македонија, беше и слетувањето на падобранот на кој се вееше знамето на 5-та глобална цел, а воено и симболот на Родовата еднаквост.

„Почитувани присутни, оваа трка денес заврши, но трката за полова еднаквост сѐ уште трае. Дозволете да ви се претставиме јас и моите придружници. Јас сум Едина Муса. Јас, како спортист, секој ден се трудам да дадам кош за еднаквост. Благодарение на агенциите на Обединетите нации, Делегацијата на Европската унија и Скопскиот маратон, денес имавме можност да испратиме силна порака за родовата еднаквост. Нашите костими ја претставуваат еднаквоста и можноста било кој да победи на маратонот, без разлика дали е познат, анонимен, маж или жена. Родовата еднаквост е неопходен предуслов за мирни, просперитетни и одржливи општества“- изјави Едина Муса, најдобрата кошаркарка на Македонија за 2016.

10

Влегувањето на целта на 12-те маскирани тркачи беше попратено и со 20-те млади подржувачи кои со инспиративни и оптимистички пораки за Родовата Еднаквост ја подржаа целата невообичаена активност која ќе остане запаметена во годинешното издание на маратонот.

„Јас сум Марко Новевски. Родова еднаквост. Што значи тоа? Тоа значи дека и жените и мажите треба да имаат еднаков пристап до образование, здравствени услуги и квалитетни работни места. Токму тоа е суштината на петтата цел за одржлив развој на Обединетите нации што светот се обврза да ја оствари до 2030 година. Поради тоа денеска нѐ видовте како сите заедно трчаме на 5 километарската трка организирана од скопскиот маратон и даваме поддршка за остварување на оваа многу значајна глобална цел, која нѐ засега сите“- изјави Марко Новевски, познатиот шоумен и водител.

4

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО