Немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ, вели Ременски
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2019
Видела сè, освен докази. Ова го кажа пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски денеска по излегувањето од Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за случајот со „Меѓународниот сојуз“.
Ременски изјави дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.
Ременски беше почесна потпретседателка на невладината, а нејзин претседател беше Бојан Јовановски, Боки 13, кој е обвинет и во случајот „Рекет“, за барање поткуп.
Ременски се гони за помагање во делото измама.
Истрагата за Меѓународен сојуз се однесува на злоупотреба за измама и перење пари.
Јасна Мандиќ, потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски, денеска даде исказ за продолжената истрага во случајот „Рекет“.
Таа беше донесена со полициска придружба, затоа што е во куќен притвор.