19 Мај, 2024
0.0282

Нема трета пресуда за Мијалков, судот побара разјаснување на одделни прашања

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Судскиот совет донесе одлука за преотварање на постапката за случајот „Тортура“, во која еден од обвинетите е поранешниот разузнавач Сашо Мијалков за насилното апсење на Љубе Бошковски. Денеска требаше поранешниот директор да ја слушне својата трета првостепена пресуда откако во предметот „Таргет-Тврдина“ на 26 февруари тој доби 12 години затвор, а на 13 април во „Трезор“ му беше изречена затворска казна од 8 години

Според Судскиот совет, не е јасно кој од обвинетите кое дејствие го превзел, поради што судското рочиште продолжува на 8 и 14 јули.  За судот останало нејасно кој од обвинетите и со кое дејствие, односно како што беше кажано,  со колкав обем и интензитет го превземал .

Исто така нејасен е каузалитетот по превземените дејствија и настанатата последица, беше речено денеска во судницата. При советувањето и гласањето Судскиот совет оцени дека е потребно дополнување на постапката и разјаснување на одделни прашања. 

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска требаше да се изрече пресудата за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ во предметот „Тортура“, кој се однесува на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 – ден по парламентарните избори.

Предметот го отвори поранешното СЈО по чие згаснување овој, како и сите други случаи, преминаа во рацете на редовните обвинителства. Обвинетите се гонат за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, а обвинителот Љубомир Лапе во завршните зборови побара затворски казни.

Обвинителството тврди дека при апсењето на Бошкоски имало мачење. Тој не давал отпор, а била употребена полициска сила, бил легнат на земја во близина на полски тоалет кај ресторанот „Воденица“ во Скопје, бил враќан за да го снимаат телевизиските камери со цел јавно да го омаловажат, а сето тоа предизвикало психичко страдање. Мотивот, рече Лапе во завршните зборови, бил реваншизам.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична