17 Мај, 2024
0.0288

Нема кој не јадел поскапи јаболка од скопјани

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Во месец декември лани во различни македонски градови, цената на јаболкото варирала.

Тоа може да се види од податоците кои ги објави Државниот завод за статистика во статистички месечен извештај. Во Куманово на мало јаболката имале највисока цена, може да се види од бројките. 48.20 денари по килограм во просек плаќале кумановци, пресмета ДЗС. Од друга страна во Скопје цената за килограм јаболко во просек била 22.08 денари. Сите други македонски градови се некаде помеѓу. Така во Битола килограм чинел 26.56 денари, 31.13 денари во Охрид, 23.52 денари во Струмица, 28.17 денари во Велес, 25.22 денари во Тетово и во Штип 31.75 денари.


„Скопје е голем град, има поголема потрошувачка на јаболко, таму се носат најголеми количини. За Куманово зошто била цената таква не можам точно да кажам, сигурно имало некои фактори кои влијаат, како на пример, може се конзумираат помали количини, но од сорти кои се поскапи, или ако за празници во декември се враќаат од дијаспората, па се трошело, поскапо јаболко, тогаш и просекот скокнал. Има сорти на јаболка кои вообичаено се поскапи за 30% од другите“, вели Љубе Пампулески, претседател на здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен.

Тој додава дека оваа година Македонија беше преплавена со јаболка, од домашно производство.

Вели дека затоа цената беше пониска од вообичаено, а дополнително објаснува дека јаболката кои беа оштетени од невремето и градот во старт имаа пониска цена.

Сепак, Пампулески вели дека генерално во земјава во 2018 година сите земјоделски производи на пазарите беа поевтини од претходните години.

Од другите производи, битолчани јаделе најскапи компири од 35.18 денари по килограм, најскап грав јаделе кумановци, и за него плаќале во просек по 161.55 денари, во Куманово најскапи биле лимоните и чинеле по 64.01 денари килограм,  бананите исто во Куманово имале највисока просечна цена од 52.78 денари, јајцата биле најскапи во Охрид и за нив се плаќало по 8.30 денари за парче, додека најскап кромид се продавал во Битола и чинел 51.48 денари за килограм. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија