19 Мај, 2024
0.0348

Нема целодневен престој во училиштата, градинките може повторно да затворат: Комисијата за заразни болести пред важни одлуки

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Речиси извесно е дека во училиштата нема да има целодневен престој, но Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува за ова важно прашање за родителите кои стравуваат каде ќе ги згрижат децата откако ќе им завршат часовите. Велат дека со таков проблем се соочуваат од март, откако беше прекината наставата поради епидемијата на корона вирусот, па се снаоѓаа кој како може. Истовремено нагласуваат дека нивните деца ги пријавиле за настава со физичко присуство не само поради тоа што ќе добијат поквалитетно образование и дека во училиште дефинитивно може многу повеќе да се научи, туку и заради тоа што веруваат дека во текот на денот ќе бидат згрижени во училиштето. Во повластена положба беа само родителите на децата до 10 години, вработени во јавните институции и администрација на кои им беше дозволено да останат дома и да се грижат за нив.

-Иако сме свесни дека целодневен престој нема да биде дозволен, сепак ќе почекаме да видиме што ќе одлучи Комисијата за заразни болести. Можеби ќе се најде некое решение и за овој проблем, велат родители на деца од второ одделение кои ќе имаат настава со физичко присуство.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски, кој е и член на Комисијата за заразни болести посочи дека нивните одлуки првенствено зависат од актуелната епидемиолошка состојба, како и од тоа дали училиштата ги исполнуваат условите и критериумите за безбедно реализирање на настава и престој. Освен тоа, д-р. Исјановски потврди дека доколку продолжи да се зголемува бројот на заразени во градинките, најверојатно ќе се предложи тие повторно да бидат затворени.

-Да, можно е да се затворат повторно градинките, тоа го кажа и министерот, да се преземат одредени мерки и да се дадат одредени насоки од Комисијата кон Владата. Последната информација којашто ја имавме на Комисијата за заразни болести е да нема целодневен престој, меѓутоа знаете дека имаме состанок на Комисијата каде што повторно ќе разговараме за ова. Треба да го слушнеме ставот на министерот и на останатите членови на Комисијата, па ќе излеземе со нови информации, изјави д-р. Исјановски.

Инаку, според Министерството за труд и социјална работа, во градинките капацитетот не е докрај исполнет. Има можност за згрижување на околу 19.000 деца, но запишани се само 14.500, а според анализите од терен, во градинките не одат ни толку деца зошто родителите иако ги запишале, не ги носат.

Градинките почнаа со работа на 9 септември, но веќе има четири случаи на дечиња заболени од коронавирус, едно од Скопје и три од Струмица. Заразени се и две негователки во Куманово и Битола.

-Во моментов, од 311 градинки исклучок имаме само во неколку каде што има вработени со симптоми. Дел од нив беа пред отворањето на градинките, како што беше примерот со градинката во Свети Николе која заради тоа има одложен почеток со работа. Имавме воспитувачки во Битола, кога заради нивната здравствена состојба беа ставени во изолација и нивни колеги. Во Струмица имаме неколку случаи, изјави министерката Јагода Шахпаска.

Во секој случај, како што изјави Шахпаска, ситуацијата се следи од ден во ден, и врз основа на тоа ќе бидат носени нивните следни одлуки.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична