18 Мај, 2024
0.2719

Нели Британците требаше да излегуваат од ЕУ?

Европа е должна да ги земе работите во свои раце и сама да се брани себе и своите вредности. Кога е потребно, дури и со воена сила

Објавено во: Свет 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Веќе дваесет години во ЕУ зборуваат дека треба да се подобри соработката во областа на одбраната. Дури беа постигнати успеси. Се создадоа пример борбени формации кои сепак засега не влегуваа во битка. Се развива и соработка во областа на воздушниот транспорт, но во него учествуваат само седум земји. Очигледно има на што да се работи. Факт е дека земјите од ЕУ, земени заедно, имаат повеќе војници и повеќе пари за одбрана од САД. Се забележува сепак една фрустрирачка неефикасност. Само затоа што секоја земја ја влече чергата кон себе, вели Барбара Везел од Дојче веле во својата анализа.

Во денешните кризни времиња граѓаните доживуваат несигурност и сакаат силна одбрана. До овој заклучок доаѓаме по последните успеси на различни популистички партии во Европа. И не само да се обезбедуваат границите - луѓето очекуваат повеќе. Со исклучок, веројатно, на оние пацифисти кои сеуште веруваат во Европа како „мека сила“ без оружје, и на крајните националисти, кои се противат на европската соработка. Иако всушност токму Унгарецот Виктор Орбан сонува за европска армија. И сигурно ја претставува како една строго христијанска институција.

Европа е должна да ги земе работите во свои раце

Дали заедничката одбрана ќе помогне да се обнови верата во Европа - никој не знае. Да се восхитуваме на воени работи не е особено популарно, но тие остануваат нужно зло. Европа треба конечно да стане воено способна, барем во однос на активностите при несреќи и учеството на војската во такви операции. И ако Британците навистина се повлечат, тогаш останува единствено Франција како европска воена сила со потенцијал и со желба. Но Париз не би посакал да носи сам таква тежина за подолг период.

Поминаа старите времиња, кога беше доволно да ги замолиме САД да интервенираат воено некаде во светот. Тоа е факт и нема потреба да чекаме дали Доналд Трамп ќе биде избран за претседател, за да го разбереме тоа конечно. 

Европа е должна да ги земе работите во свои раце и сама да се брани себе и своите вредности. Кога е потребно, дури и со воена сила. Традиционалниот приговор дека не треба да се поткопува НАТО, дека нема потреба од двојни структури, ја одмина суштината на проблемот. Бидејќи НАТО и понатаму ќе ја одигра својата улога во заштитата на територијалниот интегритет, но операции заобезбедување на бегалските кампови пример или во борбата против тероризмот, излегуваат надвор од привилегиите на Алијансата.

Европската соработка во областа на одбраната е нешто мудро, штеди пари и ја зајакнува политичката способност на ЕУ. Оваа соработка индиректно може да помогне и на интеграцијата, бидејќи во принцип за неа има мнозинство - за разлика од бегалската политика. 

Лондон да престане да се меша на ЕУ!

Велика Британија веќе со години ја блокира соработката во областа на одбраната. Божем поради НАТО, но всушност најмногу поради принципиелниот антиевропски став. Во последните недели отпорот на Лондон против плановите за европска армија беше омилена тема на британските медиуми, а тоа покажува каков лик на непријателот се врти низ тамошните глави.

Во моментов, сепак Британија е на пат да ја напушти ЕУ. Останува да се реши само како и кога. А од тоа следува дека Лондон не треба да се меша во ниту еден план кој влијае на иднината на Европа. Британците доволно долго ја држеа ногата на европската сопирачка, но ако сега, за време на и по излегувањето, продолжат да го попречуваат ЕУ во понатамошниот развој, тоа ќе биде навистина срамно. Време е за една мала уцена - или да ја наречеме зделка: ако Британија сака подобри услови за заминувањето од Заедницата, тогаш конечно нека престане да го попречува ЕУ на патот кон иднината, смета Везел.


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто