Неколку новинари од Канал 5 се во изолација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Април, 2020
Во изолација се четворица новинари на Канал 5, откако уредник од овој медиум имаше позитивен тест за Ковид 19.
Тој се заразил во контакт со лице од Прилеп, кое исто така било позитивино.Тестовите на првите луѓе на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се негативни.
Тие беа тестирани затоа што претходно беа на интервју кај новинарот.
Заев се заблагодари за поддршката, а Мицкопски соопшти дека добро се чувствува.
Во Македонија има над 700 позитивни на Ковид 19.