17 Мај, 2024
0.0321

Неисплатливост го натера Мите Макоил да се откаже од катните гаражи

Објавено во: Економија 06 Јули, 2018

Добивај вести на Viber



850 паркинг-места остануваат изградени но нефункционални, бидејќи бизнисменот Мите Јовановски се откажува од менаџирањето со трите катни гаражи на атрактивни локации поради неисплатливост. За „Фактор“ вели дека се обидува да најде начин како да се ослободи од обврските кон нив и како да ги отстапи, откако со несудената катна гаража крај Телеком веќе државата му ги вратила парите преку суд за купеното земјиште.

Изразува каење за тоа што воопшто го почнал овој бизнис и вели дека реалноста на крајот излегла сосема поинаква од неговите планови и замисли.

Пред три години за атрактивната локација за несудената катна гаража позади Телеком сопственикот на бензинските пумпи „Макоил“ наведе дека, поради притисоци,  побарал да му се вратат парите од 700 евра по квадрат за површина од 500 м2 од Министерството за транспорт и врски.

- По долг судски процес, бидејќи не можев да ја регистрирам катната гаража на мое име, тој спор го добив пред пет месеци и сега ми се вратени парите што тогаш ги платив. Останува уште да расчистам со трите катни гаражи. Станува збор за постоечки, а нефункционални 850 паркинг-места во три катни гаражи кои не работат. Станува збор за 300 паркинзи кај „Судска палата“, 300 на улица „Орце Николов“ и 250 кај „Веро центар“ - вели Јовановски.

Гаражата кај „Судска плата“ е половина година под оглас за продажба или закуп, а исто толку време не работи. Јовановски тврди дека причина за тоа што сака да се ослободи од обврските за менаџирање е нелојалната конкуренција и високите трошоци.

- Се соочував со нелојална конкуренција од Градски паркинг, а исто така Град Скопје ми испаќаше голема сума за комунална такса која, според моја пресметка,  требав да ја плаќам во износ од 10 насто од вкупната добивка, што за мене тоа претставува одземање на личниот профит, бидејќи не станува за јавна површина туку за приватна. Доколку некој понуди 3.000 евра месечна кирија, или 4.500.000 евра за купување, подготвен сум да ја отстапам. Како дополнителна причина е неможноста да ја пренаменам за друга бизнис-дејност. Кога ќе се соберат трошоците за ДДВ, вработени и одржување, изгледа како тотално неисплатливо - додава тој.

Бизнисменот вели дека поради истите причини го изгубил интересот и кај катните гаражи кај Веро центар и ул.Орце Николов, кои не се активни. Судбината на овие градби останува неизвесна.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА