19 Мај, 2024
0.0305

„Недела неработен ден“ оди на Влада следната седмица; сепак некој ќе оди на работа

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

На наредната владина седница наверојатно ќе се разгледа предлог законското решение за недела да биде неработен ден. До тогаш се очекува Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да го достави предлогот до Влада па да биде разгледуван. Портпаролот на Владата Муамет Хоџа денеска на прес конференција рече дека помина повеќе време од првично најавеното за ова законско решение заради тоа што биле правени дополнителни консултации со приватниот сектор, со коморите, но и со ресорните министерства. 

„Очекуваме консултациите да завршат набрзо и предлогот за недела неработен ден да биде на владината седница наредната недела. Штом предлогот биде доставен до Владата, ќе се разгледа. Ќе се земат предвид сите предлози, сите сугестии што доаѓаат од приватниот сектор, од коморите и предлогот ќе биде доставен до Владата, рече Хоџа.

И од Министерството за економија неделава потврдија дека нема да има промени во законите за трговија на мало, за угостителство и за туристичка дејност, односно овие дејности ќе продолжат да работат како и досега и во недела. Сепак, Законот за трговија ќе претрпи одредени измени, кој ќе се однесуваат на трговијата на големо, односно на големите магацини или маркети.

„За туристичките агенции и за угостителите најверојатно ќе остане постојното решение до средината на наредната година, а за Законот за трговија се прават неколку опции, посебно за трговијата на големо каде што ќе има одредени измени, но тие нема да се случат веднаш зашто треба да бидат информирани сите бизниси во земјава. Секако, треба првично да бидат информирани и во соработка со стопанските комори да се донесат такви решенија, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична