Не постои никаков Анекс со 12 точки за кои зборува Каракачанов, вели Османи
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2021
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, во интервју за ТВ21 изјави дека не постои никаков Анекс со 12 точки, за кои зборуваше бугарскиот вицепремиер Красимир Карачанов.
„Не постои никаков Анекс со 12 точки за кои зборува Каракачанов“, рече Османи.
Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов изјави дека Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, а „говорот на омраза на сè што е бугарско“ ги загрижува. Вели дека има анекс на договорот од 12 точки.
„Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме. Во македонската свест постои негативна слика за Бугарија, со навредливи квалификации. Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме“, изјави бугарскиот министер.