НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ЛАГИ ОД ИЗМАМНИЦИ - постар скопјанец „закрпен“ со 2.800 евра
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2020
Некои граѓани упорно наседнуваат на измамници.
Постар скопјанец така изгубил 2.800 евра.
Вчера, како што соопшти МВР, во 21.00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(69) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.800 евра.
„Според пријавеното, околу 09.00 часот му се јавило лицето кое му кажало дека неговата ќерка прегазила дете – мигрант и требало да даде пари за да и помогнат. Според пријавеното, околу 15 минути подоцна пред зграда во Скопје М.Ј. на непознатото лице му дало2.800 евра, но откако се јавил на неговиот син сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува Полицијта во своето соопштение.