29 Април, 2024
0.0265

НБМ и Тевдовски со различни бројки: Ќе вивне ли јавниот долг

Објавено во: Финансии 07 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Народната банка измери повеќе, Министерството за финансии помало учество на јавниот долг во вкупниот БДП годинава. Двете институции ја мерат истата сума, а имаат и исти проекции за растот на БДП годинава. Така, според финансии во првото тримесечје годинава јавниот долг во земјава е 47,6 отсто од БДП, НБМ пресмета дека е 48, 2 отсто од националниот бруто производ. Владата се надева на раст на економијата од 3,2 отсто годинава, а и во априлските проекции, централната банка тврдеше дека се очекува ист толкав раст. Ако не се оствари, за што веќе има очекувања, процентот на долгот во вкупниот БДП секако ќе е поголем во следниот период. Во првото тримесечје годинава македонскиот БДП порасна само 0,1 отсто.

За еден процент или за два разлика, позанавчите коментираат дека се е подобро што брзиот раст на долгот е зауздан. Но упатуваат на внимателност. Велат дека најважно сега е да се реализираат капиталните инвестиции предвидени за годинава и да се забрза растот.

Министерството за финансии денеска ќе позајми на домашниот пазар преку записи и обврзници нови 32,5 милиони евра. Поголем дел од парите повторно се враќаат назад со раздолжувањето. Од ресорот велат дека заклучно со првото полугодие јавниот долг изнесува 5,14 милијарди евра што е 47,7 отсто од БДП. Според нив во првиот квартал долгот бил 47,2 отсто од БДП.

„Јавниот долг бележи намалување во 2017 година, за првпат после 9 години, по што во 2018 година се задржува на тоа ниво. Претходните години јавниот долг беше брзорастечки и неодржлив. Од 2008 година тој рапидно растеше, за да во 2016 година истиот се дуплира, велат од Министерството за финансии.

Според НБМ вкупниот јавен долг во првиот квартал од 2018 година изнесува 48,2 проценти од БДП или за 0,6 проценти повеќе од претходниот квартал.

„Од структурен аспект, зголемувањето во целост се должи на повисокото надворешно задолжување, при пад на домашното задолжување. На годишна основа, вкупниот јавен долг, на крајот на првиот квартал од 2018 година, е повисок за 1,1 процентен поен од БДП во однос на истиот период од 2017 година, стои во Кварталниот извештај од НБМ.

Владата засега не планира ребаланс на буџетот, а неодамна и премиерот Зоран Заев изјави дека очекува предвидениот раст на БДП од 3,2 отсто да се оствари гдоинава. Од НБМ тврдат дека има надолни ризици во однос на оваа проекција, но дали ќе ја коригираат ќе зависи од резултатот за растот во вториот квартал. Ако БДП стагнира како и досега, долгот ќе биде и значајно повисок ако се мери според неговото учество во БДП.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?