18 Мај, 2024
0.0277

НАТО денеска одлучува за „Исламска држава“

Објавено во: Свет 28 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Претставници на земјите-членки на НАТО ќе разговараат на вонредна средба денеска во текот на денот за нови акции против терористичката организација „Исламска држава“.

Седницата на амбасадорско ниво во штабот на воениот сојузник во Брисел започнува на пладне по локално време. Тaa билa свиканa по барање на Турција, откако бомбаш-самоубиец се разнесе во пограничниот град Суруч и уби 32 лица. Анкара тврди дека нападот е дело на „ИД“.

Турција побара свикување на Северноатлантскиот совет на НАТО, за да ги информира своите сојузници за операциите кои ги презела против тероризмот, се вели во официјалното соопштение на турското Министерство за надворешни работи.

Премиерот Ахмед Давудоглу ја обвини групата „Исламска држава“ за нападот во Суруч, при што на 20 јули загинаа 32 цивили. Уште пред „ИД“ да ја презеде одговорноста, турската армија бомбардираше за првпат позиции на организацијата во соседна Сирија и им овозможи на САД да отворат воената база во Иджирлик oд каде ќе полетуваат американските бомбардери од коалицијата против терористите.

На денешната средба на 28-те претставници во НАТО се очекува да биде претставен нов план за тампон зоната во Сирија по должината на турската граница.

Досега инсистирањето на Анкара за зона на забранети летови беше да се одбиваат за правни причини и поради стравувањата дека тоа може да доведе до слабеење на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Многу од пограничните сириски области се контролираат од „ИД“ и слична операција би имала за цел нејзино отстранување.

Според запознаените за ова нема да се организира во форма на официјална воена операција на НАТО, имајќи ја предвид политиката на Алијансата да не нападне суверени држави без дозвола од Советот за безбедност на ОН.

За да ја добие поддршката на барем дел од сојузниците, кои се вклучени во коалицијата против Исламската држава, Турција денеска треба да објасни и за напаѓањето на позициите на курдските бунтовници од „ПКК“ во Сирија. Владата ги смета за терористи, додека САД и ЕУ ги гледаат Курдите како сојузник во војната со „ИД“.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто