17 Мај, 2024
0.0285

НАСКОРО: СЕЕ Линк платформата ќе овозможи да тргувате на хрватските и бугарски берзи

Објавено во: Економија, Мои пари 17 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Наскоро секој македонски граѓанин ќе може да тргува на хрватските и бугарски берзи и да купува акции од нив, и обратно овие земји ќе може да тргуваат на Македонската берза.

Ова ќе биде овозможено преку платформата на СЕЕ Линк за тргување која што е објавена на  веб страницата на СЕЕ Линк:  http://www.see-link.net/

За тргување ќе бидат расположиви вкупно 387 хартии од вредност од кои 109 се котирани на Бугарската берза, 127 котирани на Македонската берза и 151 котирани на Загребската берза.

Ова значи дека и инвеститорите ќе може да тргуваат на нашиот пазар на капитал и да купуваат хартии од вредност, а македонските инвеститори пак ќе може да тргуваат со акции и обврзници котирани на берзите во Софија и Загреб.

СЕЕ Линк е заедничко друштво со седиште во Скопје основано во мај 2014 година од страна на Бугарската, Македонската и Загрепската берза, со цел креирање на регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност котирани на овие три пазари. Трите берзи имаат подеднакво сопственичко учество во заедничкото друштво. Проектот е поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која обезбеди грант за финансирање на електронски систем за пренасочување на налози и истиот се очекува да биде оперативен на крајот на првиот квартал од 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите