29 Април, 2024
0.0326

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

Објавено во: Финансии 13 Април, 2024

Добивај вести на Viber

На покана на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Централната банка на Франција, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на „Регионалниот форум за развој на капацитетите“, организиран од овие две институции, зборувајќи за позитивните достигнувања на нашата централна банка во сферата на транспарентноста, макроекономското моделирање и стрес тестирање на банкарскиот систем, за коишто поддршката од ММФ беше од исклучително значење.

Нашата централна банка беше втора земја во светот која зема учество во пилот проектот за оценка на транспарентноста во однос на новиот Кодекс на транспарентност на ММФ донесен во 2020 година. „Високата усогласеност на практиките кои ги применува централната банка со предвиденото во Кодексот, е значајна потврда за заложбите на нашата институција за високо ниво на транспарентност и отчетност. Во изминатиот период продолживме да ја унапредуваме комуникацијата и транспарентноста во работењето, коешто ја зголемува ефективноста на монетарните мерки, а истовремено придонесува и за кредибилитетот на институцијата во јавноста, коешто беше констатирано и во самиот извештај на ММФ", истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Како добар пример на соработка помеѓу ММФ и Народната банка беше посочен и макроекономскиот модел кој се користи во процесот на донесување на монетарни одлуки, а беше создаден преку заеднички напори на Народната банка (Дирекцијата за монетарна политика и истражување) и експертски тим на ММФ.

„Покрај поддршката во макроекономското моделирање, ММФ обезбеди и долгогодишна поддршка во надградување на оперативната монетарна рамка, вклучително и во изминативе неколку години. Имајќи ги во предвид препораките на ММФ, Народната банка тековно работи на посеопфатни промени на монетарната рамка. Ова е особено важно, имајќи ги предвид структурните карактеристики на македонската економија, но и динамичните промени на економските и финансиските услови, коешто бара иновативен и приспособен пристап при спроведување на монетарната политика“, порача гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Народната банка и ММФ остваруваат долгогодишна успешна соработка која покрива широк опсег на важни области на централното банкарство. Придобивките од оваа соработка се бројни, во смисла на постојано надоградување на вештините и знаењето на вработените и зајакнување на капацитетот за ефективно исполнување на мандатот и одговорностите на централната банка.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?