Намазот во џамија на дистанца и со маска: Нема главна манифестација за Курбан Бајрам
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2020
Поради актуелната состојба со ковид-19, ријасетот на ИВЗ одлучи да ја откаже организацијата на главната манифестација по повод Курбан Бајрам.
Според верскиот календар, таа оваа година требаше да се одржи во петок на 31 јули, со Бајрам намаз во Скопје во 6 часот и 6 минути.
Во сопштението на ИВЗ се наведува дека при бајрамската молитва, верниците се должни да ги почитуват мерките кои важаат и за извршување секојдневен намаз во џамија, односно, задолжително носење маска, дезинфекција на рацете или носење ракавици и секој верник треба да има лично сеџаде.
Од ИВЗ наведуваат дека џамиите ќе бидат дезинфицирани, но укажуваат дека за извршување на молитвата треба да се користат дворовите на џамиите.
Од верниците, исто така се бара да внимаваат на физичката дистанца, а ИВЗ забранува групирање пред или по молитвата. ИВЗ Укажува дека Сабах намаз треба се изврши дома, а намазот на Курбан Бајрам да не трае подолго од 15 минути.