Наќе Чулев ќе биде кандидат за заменик на Спасовски
Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2020
Наќе Чулев ќе биде предложениот кандидат за заменик на министерот Оливер Спасовски, според информации на Фактор.
ВМРО-ДПМНЕ го предлага Наќе Чулев, професионалец од Агенција за разузнавање како нов предлог за прв човек во МВР.
Тој е со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.
Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје.
Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.
Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.
Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија. Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник Хрватска. Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана.