02 Мај, 2024
0.0275

Најпознатите шведски специјалитети во ресторанот Дистрикт

Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Денови на шведската кујна се организираат во Дистрикт ресторанот на Мериот Хотел Скопје од 9 до 19 јуни под мотото „Taste the SweDish“.

Distrikt - Marriott

Во текот на овие десет дена посветени на гастрономијата и несекојдневните специјалитети, Скопјани ќе имаат можност да ги вкусат шведските традиционални оброци приготвени на автентичен начин.

IMG_7792За содржината на менито и приготвувањето на специјалитети ќе се погрижат шефот на ресторанот Дистрикт, Петер Татар заедно со најпознатиот шеф во Шведска, Магнус Албректсон. Со оглед на тоа што ресторанот Дистрикт има отворен галериски поглед на кујната, гостите ќе ја имаат исклучителната можност, достапна само тука, да набљудуваат како се создава кулинарската магија со подготовката на најпознатите шведски специјалитети.

Сите ексклузивности на скандинавската кујна, послужени во уникатниот, модерен и автентичен ентериер на ресторанот Дистрикт, ќе овозможи дополнително уживање за гостите.

Заедничкото мајсторство на шефовите Татар и Албректсон ќе им ги претстават на гостите спецификите на скандинавската кујна и типичните манири во дневната исхрана или оброци за специјални пригоди, а ќе имаат можност да вкусат шведско говедско рагу, гравлакс на тост или шведски ќофтиња со лингонбери бобинки.

Food days poster

Ресторанот Дистрикт и Мериот хотел го организираа настанот Денови на шведската кујна во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година