03 Мај, 2024
0.0270

Најголема доверба во професорите и лекарите, најмала во судиите и цариниците

Објавено во: Мои пари 16 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Граѓаните најмногу им веруваат на професорите и лекарите, а најмалку на судиите и цариниците (36,5 проценти),  покажа истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведено по петти пат. Генерално расте довербата на граѓаните во повеќе институци како и општата доверба. „Таа сега изнесува 56 проценти и е за 5,4 процентни поени повисока во однос на слично истражување направено од Галуп во 2012 година. Степенот на доверба опаѓа со зголемување на дистанцата, па довербата во соседите изнесува 68 проценти се до 18,3 проценти кај непознатите. Сепак, сè уште мнозинство граѓани сметаа дека повеќето луѓе би се обиделе да ги искористат (55,3 отсто), наместо да постапат чесно (42,1 отсто),“ стои во соопштението од МЦМС. Исто така забележуваат од МЦМС, забележува расте довербата во граѓанскиот сектор и тоа 54,2 проценти. „Довербата во државниот сектор е битно зголемена (индексот изнесува 56 наспроти, 44,5 во 2010 година). Значителен е растот во образованието, здравството и полицијата, кои го презедоа приматот од Армијата, но и кај сите други државни институции има раст на довербата. Порастот е кај сите етнички заедници, но разликата главно се должи на порастот на довербата во државата кај етничките Албанци (од 16 проценти на 35,4 проценти), вклучително и во политичките партии“, се наведува во соопштението. Најголем раст има во довербата кај претседателот, од 37,5 проценти во 2010 г. на 56,8 проценти сега. Порастот е кај сите етнички групи и политички партии, освен кај симпатизерите на ДПА. Собранието има умерено зголемување (од 34,4 проценти на 41,9 проценти), а Владата од 36,8 проценти на 42,5 проценти. Намалена, но се уште мнозинска, како што посочуваат од МЦМС, е довербата во меѓународната заедница. Најмала доверба граѓаните имаат во судиите (43,1 проценти) и во цариниците (36,5 проценти). Истражувањето е спроведено од 31 мај до 21 јуни 2013 година, на репрезентативен примерок од 810 испитаници.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година