Најбогатиот Косовец ќе го гради стадионот на Интер
Објавено во: Балкан 07 Јануари, 2013
Беџет Пацоли, еден од најбогатите Албанци во светот и актуелен потпретседател на косовската Влада ќе го гради стадионот на италијанскиот фудбалски клуб Интер. Неговата фирма Мабетекс преговара со претседателот на „Интер“ Масимо Морати, пренесе албанскиот весник Шекули.
Според статијата во весникот, косовскиот вицепремиер е голем пријател со претседателот на Интер што може да биде пресудно во одлуката за реализација на овој проект.Вредноста на проектот предложен од компанијата Мабетекс изнесува 550 милиони евра, а се предвидува стадионот да има 66 илјади седишта.
Новиот стадион на Интер ќе се прави по теркот на модерните британски стадиони.