Нафтени танкери се судрија во близина на брегот на Белгија
Објавено во: Свет 21 Септември, 2016
Два танкери со нафта се судрија во близина на брегот на Белгија утрово, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од морскиот координативен и спасувачки центар.
Засега не се соопштува за жртви, ниту за разлевање, но се нанесени материјални штети.
Според експертите опасноста од тонење на бродовите не е непосредна.
Судирот настанал меѓу танкери со знамињата на Либерија и на Маршалските острови. Едниот брод го удрил во движење другиот, кој бил на сидро, на 30 километри од брегот. Не се соопштуваат детали за товарот на танкерите.