(ВИДЕО) На замрзнато езеро Финци направија леден рингишпил
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2017
Кога ќе дојде зима и кога водените површини ќе замрзнат, тогаш во земјата со 1000 езера почнува луда забава.
Финците на езеро направиле леден рингишпил со помош на чамци.
Финскиот писател и експерт за енергија, Јан Капилето најде едноставен начин за забава во текот на зимските месеци во Финска, рингишпил од лед создаден на замрзнато езеро.
Со помош на пила и мотор на соларна енергија тој успеа да направи вистински леден рингишпил на замрзнато езеро, овозможувајќи им незаборавна забава на пријателите и семејството.