08 Мај, 2024
0.0252

НА РЕВИЗОРИТЕ НЕ ИМ СЕ ЗБОРУВА МНОГУ ЗА ЈАНЕВА - велат, прашајте во Обвинителството

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

На Државниот завод за ревизија не му се зборува многу за вчерашниот случај со екс специјалната обвинитека Катица јанева, кога таа на состанок кај нив почнала да се однесува дрско и непристојно, а ја соблекла и облеката. Таа заработи и прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Според пријавата во Министерството за внатрешни работи, Јанева останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и одбила да даде изјава во врска со настанот. Претходно, таа од нејзиниот дом била спроведена во Државниот завод за ревизија со цел да се направи ревизија на работењето на СЈО. 

Фактор го праша ДЗР со која цел била повикана вчера во ДЗР Јанева, зошто во просториите на ДЗР требало да се одржи таков состанок? Какви наоди биле презентирани, што требало да утврди ДЗР? Согласно тврдењето на адвокатите на Јанева, била повредена процедурата, па прашавме дали била запазена процедурата, односно дали Јанева била повикана со покана, или со судска наредба, и ако била повикана со судска наредба, зошто било така направено? Дали на Јанева и бил овозможен адокат уште од самиот старт на испитувањето, и ако и не и бил, зошто не и бил овозможен? Дали Јанева барала да дојде и лице од кај Народниот правобранител, дали тоа и било овозможено, и ако не, зошто? Дали тој состанок со Јанева се смета за завршен, дали ДЗР дојде до потребните наоди, или не, и ако не, дали тој состанок ќе продолжи и кога? Што е она што треба да се утврди од испрашувањето на Јанева, и зошто е тоа битно? Зошто дојде до ситуацијата екс обвинителката до толку да се изнервира за да направи таков чин, односно да почне да се соблекува? Дали некој ќе има одговорност можеби за груб однос или незапазување на процедура? А се интересиравме и дали може да ни дадат повеќе детали околу самиот настсан.

Од ДЗР за фактор одговорија само дека Г-ѓа Катиоца јанева била повикана таму во својство на одговорно лице во СЈО, во врска со извршената ревизија на усогласерност, согласно годишна програма за работа на ДЗР за 2020 година, а за потребите на одржување на завршен состанок. 

„Во контекст на одржувањето на состанокот од страна на ДЗР беа почитувани сите методолошки упатства и ревизорски стандарди. Со оглед дека вршењето на ревизијата за која прашувате е направена по барање на основното јавно обвинителство на РСМ, ве упатуваме за другите прашања да се обратите до нив“, се вели во штуриот одговор од ДЗР, каде не се одговорени многу од нашите поставени прашања.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава