03 Мај, 2024
0.0246

На пастрмка во Поградец

Објавено во: Мои пари 17 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Осум евра, толку чини солидна порција пастрмка во Тушемиште, првото село крај Охридското езеро од албанска страна. Иако од лани, по осум години забрана, се дозволи лов на охридската пастрмка и во Македонија, сепак остана навиката и кај охриѓани и кај туристите, да се упатат кон Албанија за поевтин ручек и целодневен одмор. Тие што имаат зелен картон со возило ја минуваат границата над Свети Наум. Останатите пеш, за десетина минути стигнуваат во албанското село полно со рибни ресторани. Специјалитетот е очекуван, охридска пастрмка или коран. Оние што сакаат да минат поевтино, може да порачаат и белвица. Разговорот со келнерите се одвива малку на англиски, малку на македонски. На менито се наоѓаат и специјалитети од свинско и телешко, а за десерт се препорачува познатата албанска баклава или трилече. Цените се поевтини од оние во македонските ресторани. Скопското пиво или албанското Корча чинат по 150 леки. Исто толку чини и шопската салата. За кафе пак испиено на брегот на езерото од албанска страна се плаќа помеѓу 100 и 150 леки. Се примаат денари, евра и долари. Дури и на самите фискални сметки неретко може под цената во леки, да стои испечатена истата и во евра. За еден денар се добиваат две леки, курсот на еврото е нешто подобар. Тушемиште се наоѓа на едвај 500 метри од границата и селото речиси е споено со Подградец, градот во кој забрзано се развива туризмот, барем ако се суди по градбите кои никнуваат и во овој дел на Албанија. На самиот почеток, езерското крајбрежје е исто како она кај Свети Наум. Колку повеќе се оди кон Поградец, песочните плажи се шират, а водата станува се поплитка и позаматена. Сепак тоа не ги спречува туристите да доаѓаат во овој дел на Албанија, главно домашните. Подградец сега е претворен во големо градилиште. Уште од самиот влез новите објекти и огромниот бетонски хотел во вид на прекуокеански брод ја покажуваат градежната експанзија. Забрзано се гради и на самото крајбрежје. Старите куќи на два спрата, кои му даваат посебен шарм на шеталиштето, сега се заменуваат со огромни згради високи по десетина ката. Дел од жителите реагираат на тоа, но велат дека свесни оти тие штом даваат многу пари ги добиваат најдобрите локации. Македонските градежници тешко влегуваат на албанскиот пазар. Охридските се обидуваат да најдат работа во Поградец, но забележуваат дека без локален партнер, нема ништо од бизнисот. Во неврзан разговор, еден од продавачите на градежни материјали од Охрид вели дека сега албанските градежници се почесто доаѓаат во Македонија. Купуваат специфични материјали кои во Албанија ги нема, плаќаат во готово, а потоа лесно ги пренесуваат преку граница. Охриѓани почнуваат да се плашат дека Поградец ќе им преземе дел од туристите. Хотелите се нови, домаќините љубезни, а пастрмката речиси двојно поевтина. Ј.Ј.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година