На операторот на дрон со „Голема Албанија“ ќе му се суди во Србија
Објавено во: Балкан 29 Јули, 2017
Според повеќе балкански медиуми операторот на дронот на кој беше закачена парола за „Голема Албанија“ е наводно уапсен пред еден месец во Дубровник и наскоро би требало да биде испорачан на Србија. Станува збор за Исмаил Морина кој ако биде осуден во Србија го очекува затворска казна до 3 години за предизвикување на национална омраза и нетрпеливост.
Тој го упати дронот над фудбалскиот терен во Белград додека се играше квалификациски меч меѓу Србија и Албанија. Ваквата постапка предизвика гневна реакција кај домашните фудбалери кои се обидоа да ја тргнат паролата, но албанците им се спротиставија.
Публиката побесна, дел од навивачите влегоа на терен, имаше и тепачки, а натпреварот беше прекинат. Претходно имаше и шпекулации дека всушност дронот бил прошверцуван од македонски државјанин со албанско потекло во свечената ложа на белградскиот стадион.