Добивај вести на Viber
Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе на денешницата и сопственик на Мајкрософт со своите 18 години бил во потрага за „било какво вработување“.
Во текот на позирањето за класична фотографија, на која се најдоа основачите на Мајкрософт Бил Гејтс и Пол Ален, на виделина излезе и оваа информација.
За време на организираната средба од страна на Музејот за компјутери во Сиетл, на која освен Бил Гејтс и Пол Ален учествуваа и многи други познати имиња од светот на технологијата, јавноста дознала дека Гејтс упорно барал работа пред самото основање на компанијата Мајкрософт.
Порталот „The Verge“ ја носи приказната дека Бил Гејтс како бруцош на познатиот Универзитет Харвард барал „било какво вработување“.
-Додека Бил Гејтс бил бруцош на Харвард на сите им кажувал дека до 1974 година ќе биде достапен за работа, и дека навистина би бил пресреќен да работи „било што“, наведува порталот. Тогаш Гејтс предложил годишната плата да му биде 15.000 долари.
Основачите на Мајкрософт Гејтс и Ален работеле во „Honeywell“ во летото 1974 година, една година пред Гејтс да го напушти Харвард.
Веќе наредната година тој ја основаше компанијата Мајкрософт, а две децении потоа, тој стана најбогатиот човек во светот.