08 Мај, 2024
0.0259

МОЖЕШЕ ЛИ ДА СЕ СПРЕЧИ ВЧЕРАШНОТО БИЗАРНО УБИСТВО ВО ГОСТИВАР - женските здруженија бараат одговорност и од полицијата

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Можело ли да се спречи вчерашното убиство во Гостивар кога маж со секира и нож си ја закла сопствената 60 годишна сопруга, и дали претходниот ден било пријавено насилство од страна на сопругот. Дали доколку Полицијата навреме реагирала и постапела по оваа пријава, бизарното убиство можело да биде спречено?
Овие и други дилеми си ги поставуваат дури 23 здруженија за заштита на правата на жените здружени во Платформата за родова еднаквост.
Тие итно бараат МВР убаво да испита дали кај некои полициски службемици што евентуално не постапиле по пријавата постои некаква одговорност, и ако е така, нив соодветно да ги санкционира.
Еве што забележале од Платформата. 
Во текот на вчерашниот ден во медиумите излезе веста за убиство на 60-годишна жена од страна на нејзиниот сопруг во нивниот заеднички дом во Гостивар. Според она што беше споделено од медиумите за овој случај, постои сомнение дека една од причините што случајот на насилство ескалирал во убиство е непостапувањето на полицијата по пријава за насилство еден ден пред убиството.  Доколку ова се потврди, ова нема да биде прв случај во кој и покрај постоењето на сознанија и пријави за насилство, институциите не реагирале навремено. Со ова се потврдува дека најчестата причина поради која физичкото насилство резултира во убиство е несериозниот пристап на институциите кон родово базираното насилство. Токму несоодветното постапување по пријавите на родово базираното насилство и семејното насилство значително ја намалува довербата на жртвите во надлежните институции. Дополнително, начинот на известување за случајот, преку сензационалистички наслови и негово непрепознавање како семејно/родово базирано насилство, уште еднаш ја покажува недоволната сензибилизираност на медиумите за оваа проблематика“, велат од Платформата. 

Додаваат дека од почетокот на оваа година ова е трет случај на фемицид во државава односно убиство на жена затоа што е жена, што претставува најтешка форма на насилство врз жената и е една од водечките причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво. 
„Според истражувањата во нашата земја, во повеќе од 80 отсто од случаите убиството се случило во заедничкиот дом или доколку била отпочната постапка за развод, во домот на родителите на жртвата, а во најголем дел од случаите убиството е извршено од страна на сегашен или поранешен партнер. Во случаи кога семејното насилство не се пријавува или пак, релевантните институции на жртвата не ѝ ја обезбедуваат соодветната заштита, како во конкретниот случај во Гостивар, многу поголема е веројатноста дека насилството ќе резултира со фемицид“, велат од женските здруженија. 

Со ратификација на Истанбулската конвенција, Република Северна Македонија ја презема и обврската за препознавање на фемицидот како посебно кривично дело за кое ќе се води и посебна статистика, за што до сега како најчест извор на неофицијални статистички податоци се користат известувањата на медиумите. Државата ја презема обврската да го усогласи националното законодавство со Конвенцијата, во чија насока беше подготвен Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство кој беше предвидено да се донесе до крајот на 2019 година, меѓутоа заради закажување на предвремените парламентарни избори не беше ставен на гласање во Собранието. Со овој закон се уредува и постапувањето на институциите и нивната координација со организациите и за прв пат предвидува дека треба да постапуваат со должно внимание. 

„Оттука, апелираме инситуциите да ги спроведуваат обврските кои ги преземаа со ратификацијата на Истанбулската конвенција, како и да се пристапи кон итно донесување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. 

Воедно апелираме и Министерството за внатрешни работи да го испита постапувањето на полициските службеници во конкретниот случај, да утврди одговорност кај службениците кои пропуштиле да преземат навремени дејствија и соодветно да ги санкционира доколку е потребно“, потенцираат од Платформата за родова еднаквост. 

На овие итни барања се потпишани дури 23 организации за заштита на правата на жените, членки на Платформата за родова еднаквост, кои следуваат во продолжение.

1. Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА
2. Бори се женски
3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
4. Здружение женски форум Тетово
5. Здружение за еднакви можности Семпер
6. Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ)
7. Здружение за локален рурален развој
8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост - Акција Здруженска
9. Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк.- Скопје
10. Здружение Организација на жените на општина Свети Николе
11. Институт за општествени и хуманистички науки
12. Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”
13. ЛезФем
14. Мрежа за заштита од дискриминација
15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство – Глас против насилство
16. Национален совет за родова рамноправност-СОЖМ
17. Организација на жени на град Скопје
18. Организација на жени Кумановка
19. Реактор - Истражување во акција
20. Стела
21. TAKT
22. Хелсиншки Комитет
23. Хуманитарно здружение Мајка, Куманово

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава