19 Мај, 2024
0.0267

Могерини: Договорот со Иран може да помогне за решавање на кризите

Објавено во: Свет 20 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Договорот меѓу „шесторката“ и Иран може да ја врати довербата меѓу соседите и да помогне за решавање на регионалните кризи, главно во Сирија и во Јемен.

Ова го изјавила шефот на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини пред новинарите пред почетокот на седницата на министрите за надворешни работи на Унијата.

Според неа иранските аранжмани пред се се однесуваат на неширење на оружјето за масовно уништување, што ќе придонесе за безбедноста во регионот, безбедност за соседите и безбедност како целина за целиот свет.

Таа е убедена дека договорот демонстрира ефикасност на мултилатерална дипломатија.

Договорот може да доведе до враќање на довербата меѓу Иран и неговите соседи, меѓу Иран и меѓународната заедница. Овој договор не се заснова на доверба, но може да доведе до доверба, изјавила Могерини и додала дека ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога во обновата на довербата во регионот.

Шефицата на надворешната политика, смета дека позитивните последици можат да помогнат за решавање на кризите во регионот, главно во Сирија и Јемен.

Денес се очекува Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција, која ќе ја одобри и склучи на 14 јули со историски договор меѓу Иран и САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија, Германија.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто