19 Мај, 2024
0.0336

Модуларни болници во 16 градови: Што има во нив

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска во Гевгелија започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе започне во Струмица, Куманово, Струга и Кичево, информира Министерството за здравство. Оттаму велат дека во сите општини забрзано се работи на активностите за реализација на проектот. 

„Интензивно се работи  на подготовки на терен, се расчистуваат локациите, локалните јавни претпријатија обезбедуваат приклучоци, стручните служби на единиците на локална самоуправа даваат максимална поддршка за што поскора реализација на проектот од Светската банка. Општината Битола и јавните претпријатија го уредуваат просторот и го подготвуваат теренот за поставување на три модуларни болници со капацитет од 100 болнички кревети и три тријажни центри. Во моментов, во Битола се бетонираат бетонските подлоги за поставување на модуларните болници, стои во соопштението.

Информираат дека во Штип теренот е подготвен за бетонирање на подлогата, инсталациите се донесени до точките за приклучни места. Денеска во Струга завршува бетонирањето на бетонската подлога, а сите инсталации се спроведени. Со забрзана динамика се работи на теренот во Гостивар, Кичево, Прилеп и Кавадарци. Во Кочани теренот е спремен и ќе започне бетонирање на подлогата.

Во Дебар и Тетово во тек се припремните работи.

Општина Охрид започнала со расчистување на теренот и забрзано работи на обезбедување на пристапни патеки и спроведување на инсталации. На сите 16 локации се работело истовремено.

Крајните рокови за пуштање во употреба на сите модуларни ковид центри истекуваат за три месеци. Но, како ќе завршува монтажата, така ќе пристига и потребната опрема и инвентар за целосно опремување, што ќе значи и сукцесивно пуштање во употреба.

Секој регионален ковид центар ќе има приемен и тријажен оддел, целосно опремена лабараторија, целосно опремени болнички соби и сите други помошни простории за персонал и пациенти.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична