10 Мај, 2024
0.0372

МНР тврди дека има докази дека амбасадорот Тодоровски ги прекршил процедурите

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Oд Министерството за надворешни работи (МНР) велат дека повлекувањето на амбасадорот од Прага, Сашко Тодоровски претставува долг процес кој е воден од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи, кои констатирале бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики, кои биле поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации.

„Во рамките на материјалното финансиско работење, при активностите за санирање на објектот на амбасадата, не се испочитувани внатрешните процедури и склучени се договори без согласност на Министерството; по истите Договори подоцна исплатени се финансиски средства без материјално покритие за истите. Без согласност од МНР амбасадорот ангажирал локален персонал и склучил договори за ангажман на локален персонал, што е спротивно на интерните акти на МНР, поточно член 9 и член 10 од Правилникот за ангажирање локален персонал и спроведување практична работа на студенти во ДКП. Без претходна соодветна одлука на Министерството, ја претставувал сопругата за „Аташе за наука“ на Република Северна Македонија, иако таа го немала добиено тоа дипломатско звање; прекршувајќи ги сите правила и надминувајќи ги ингеренциите кои ги има, ги довел во заблуда претставниците на научните и образовни институции во земјата на покривање. Ги прекршил правилата на добрата дипломатска практика, и без да најави, не присуствувал на испраќањето на Претседателот на Владата сосе неговата придружна делегација за време на посетата на земјата на покривање, оставајќи непријатен впечаток пред дипломатските претставници на земјата – домаќин. Во рамките на мандатот амбасадорот беше повикан на консултација во Скопје за да објасни дел од прекршувањата и направените неправилности, но иако ја напуштил земјата на покривање, без дозвола ја напуштил и земјава и подоцна пријавил дека отишол на одмор, за што е потребна посебна дозвола. Сите овие дејствија, поткрепи со материјални докази и прецизни констатации, се дел од извештајот изготвен од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи кој подоцна е усвоен од Владата“, стои во соопштението. 

Оттаму велат дека по веќе донесената одлука на Владата, амбасадорот поднел барање за предвремено повлекување.

Тодоровски попладнево се огласи и рече дека сам си поднел оставка, а услугите на Најчевска ги плаќал сам од својата плата.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГИ БРАНИ БОИТЕ НА СДСМ ВО СОБРАНИЕТО - 18 „борци“ ќе мора да се покажат како добри опозиционери

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГИ БРАНИ БОИТЕ НА СДСМ ВО СОБРАНИЕТО - 18 „борци“ ќе мора да се покажат како добри опозиционери

Талат Џафери: Данела Арсовска да ја искоси тревата во Владата, затоа доби катастрофален број на гласови

Талат Џафери: Данела Арсовска да ја искоси тревата во Владата, затоа доби катастрофален број на гласови

КАКВА ПОРАКА САКА ДА МУ ИСПРАТИ САД НА МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ: Изборната победа и преземањето на власта е голема одговорност

КАКВА ПОРАКА САКА ДА МУ ИСПРАТИ САД НА МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ: Изборната победа и преземањето на власта е голема одговорност

Бучковски: На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба коалиција со двотретинско мнозинство за да ги исполни ветувањата

Бучковски: На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба коалиција со двотретинско мнозинство за да ги исполни ветувањата

„АЛО, Frankfurter Allgemeine вика победила партија на Орбан - ама вие пуни надеж“: професорката Колозова распали: „оти само ДУИ корумпирани биле“

„АЛО, Frankfurter Allgemeine вика победила партија на Орбан - ама вие пуни надеж“: професорката Колозова распали: „оти само ДУИ корумпирани биле“

Во Собранието ќе има 30 пратеници етнички Албанци

Во Собранието ќе има 30 пратеници етнички Албанци

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме зулумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме зулумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

ЗАРАДИ ЛОШИОТ ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД АРСОВСКА: „По ваквиот резултат јасно е дека таа го загуби кредибилитетот да го води Скопје„, вели Стефковски

ЗАРАДИ ЛОШИОТ ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД АРСОВСКА: „По ваквиот резултат јасно е дека таа го загуби кредибилитетот да го води Скопје„, вели Стефковски