Се огласи сопругот на Мирјана Најчевска: Бујар Османи не ме врати од Прага, сам си поднесов оставка
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2023 15:34
Амбасадорот во Чешка, Сашко Тодоровски, инаку познат и по тоа што е сопруг на професорката и експерт за човекови права Мирјана Најчевска, која важи за голем критичар на власта, во вестите на Канал 5 вели дека не е отповикан од функцијата од министерот за надворешни работи Бујар Османи, туку дека сам си дал оставка.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите. соопшти пак дека Тодоровски е отповикан поради констатирани нерегуларности во извршувањето на својот мандат.
Османи рече дека, меѓу другото, станувало збор и за лажно претставување на сопругата како културен аташе и не ги почитувал инструкциите што доаѓале од Министерството за надворешни работи.
„Има констатирано нерегуларности во извршувањето на мандатот, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци“, рече Османи.
Тодоровски попладнево се огласи и рече дека сам си поднел оставка, а услугите на Најчевска ги плаќал сам од својата плата.
- Јас нејзе ја задолжив да биде научен аташе, тоа си е одлука на амбасадорот како ќе ги искористи ресурсите. Сопругата добива 10 отсто од мојата плата да врши дипломатски задачи, рече Тодоровски.
Османи рече дека Тодоровски е отповикан на средина од мандатот., а Најчевска се огласи на социјалните мрежи дека тој му е слуга на партискиот лидер Али Ахмети и дека го приватизирал МНР.
Можеби ќе ве интересира
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




