19 Мај, 2024
0.0303

Мнозинството Грци се против компромисот за името, покажува истражување за Договорот од Преспа

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Три години по потпишувањето, Договорот од Преспа  е чувствителна тема за граѓаните во Македонија и Грција. 

Истражувањето  го направи канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер од Грција и Кипар и Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП), а го реализираа Институт за демократија „Социетас Цивилис“ и Единицата за истражување на јавното мислење при Универзитетот Македонија во мај годинава.

Јавноста во двете земји е поделена за Договорот од Преспа и ефектите што тој ги имаше врз политичкиот и општествениот живот. Додека многу граѓани во двете земји ги признаваат придобивките од решавањето на спорот за името, голем дел од населението има негативни ставови за Договорот од Преспа. Мнозинството испитаници во двете земји ја признаа важноста на спорот за името и прифатија дека неговото решавање е компромис што требаше да се направи.  Мнозинството Грци,  се спротивставуваат на идејата за компромис за името, но процентот на оние кои прифаќаат компромисно решение е зголемен.

Значителен процент на грчката и македонската јавност ја поддржуваат идејата дека Договорот од Преспа ги зајакна мирот и стабилноста во регионот.

Преспански договор го потпишаа тогашните министри за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, и Македонија, Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на крајбрежјето на Преспанското Езеро. Овој договор овозможи Македонија да влезе во НАТО. 

Неодамна и американскиот претседател Џо Бајден најави дека оние кои работат против овој договор ќе бидат ставени на „црната“ листа на САД. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична