18 Мај, 2024
0.0303

ММФ размислува да одвои нов заем на Украина до крајот на јули

Објавено во: Свет 24 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја разгледува можноста да додели заем за спасување на Украина во износ од 1,7 милијарди долари во следната недела, бидејќи земјата продолжува да е поделена, од граѓанска војна и проблемите со јавниот и приватниот долг, пренесува „AP“.

Извршниот одбор на ММФ треба да се состане на 31 јули, за да донесе одлука за доделување на вториот 4-годишен пакет за поддршка на земјата, изјавил портпаролот на Фондот Гери Рајс.

Евентуалното одобрување на средствата „е можно кај нашите вообичаени услови“, изјавил Рајс на прес-конференција.

Во почетокот на јули ММФ изјави дека втората транша ќе биде распределена по извршувањето на некои неодредени активности и под услови кои ќе им овозможат на тимот на ММФ да оцени дали државниот долг на Украина е одржлив „со висок степен на веројатност“.

ММФ ja одобри 4-годишна спасувачка програма за Киев во вредност од 17,5 милијарди долари во март, откако економијата на земјата западна во колапс по повеќемесечната граѓанска војна. Првата сума која Владата на Арсениј Јаценјук ја доби, беше 5 милијарди долари.

Киев побара отпишување на дел од долгот, но привремената анкетна комисија на обврзници на Украина, која е формирана од четирите најголеми американски инвестициски и хеџ фондови, посочи дека продолжувањето на рокот за отплата на обврските ќе биде доволно за постигнување на целите.

„Властите (во Украина) и кредиторите постигнале добар напредок во своите дискусии“, изјавил Рајс, иако за сега не е постигнат формален договор. „За понатамошен напредок се очекува до 31 јули“.

Во меѓувреме, портпаролот на ММФ предупредил дека Киев треба да „избегне политички пресврти“ на реформите барани од Фондот во замена за спасувачкиот план.

Запрашан за споредба на спасувачките програми на Украина и Грција и различни пристапи на институцијата спрема двете држави, Рајс истакнал дека тоа се „две многу различни земји во многу различен сет на околности“. „Владата на Украина се обврзаа, тие ги исполнија реформите. Има голем напредок“.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто