Мисајловски кажа што ќе се случи ако се одложи распуштањето на Собранието
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2020
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во интервју за емисијата „360 Степени“ на Алсат, изјави дека ако се одложи распуштањето на Собранието, легитимитетот на претседателот Стево Пендаровски, ќе падне во вода.
„Тој беше оној што ги повика на лидерска средба за да се направи една средба на која што ќе се договорат избори“, вели Мисајловски.
Избори треба да има на 12 април, но голема неизвесност има околу распуштањето на Собранието, иако имаше одредени најави дека тоа ќе се случи утре.