Министрите потпишаа изјави за почитување на Кодексот за етичко однесување
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020
Министрите потпишаа изјави за почитување на Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, информираат од Владата по одржаната 7-ма седница.
На денешната седница, на предлог на премиерот, Зоран Заев, Владата го назначи заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски за следење и спроведување на новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.
Во рамите на оваа точка, членовите на Владата потпишаа Изјава за прифаќање на одредбите од новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.