08 Мај, 2024
0.0257

Министерката Ангеловска раскажа приказна: Аман бе комшија, и ти ли си од тие што уште веруваат во корона

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Нина Ангеловска утрово раскажа приказна како граѓаните се уште не веруваат дека короната не постои и не ги почитуваат мерките. Тоа е причината што Владата морала да ги преземе новите рестриктивни мерки. Но, нагласува дека никој не е имун на овој вирус, а сега сите оние што ги почитуваа препораките, со право се чувствуваат казнети. 

"Аман бе комшија и ти ли си од тие што веруваат во корона?"
(утрово двајца комшии се сретнуваат и поздравуваат на улица од кои едниот со маска, другиот без.) Ова прашање е одговорот за високиот број на новозаразени деновиве! Ова прашање е одговорот зошто Владата презема повторно рестриктивни мерки. Ова не е прашање на "верба", ова не е прашање што некој треба да го постави! Корона вирусот е реалност. Како што се реалност сите починати. Ако не ги познаваме тоа не значи дека е нешто далечно и дека ние сме имуни. НИКОЈ не е имун на вирусот. Вирусот на препознава раса, пол, возраст, етничка припадност“, пишува на фејсбук првата финансиерка. 

Таа нагласува дека „сите оние кои ги почитуваа препораките и кои се совесни и само-свесни со право се чуствуваат ‚казнети' заради они кои не почитувале. 

„Но општеството го градиме заедно и сите сме дел од сложувалката. Од секој еден зависи. Здравјето е колективна одговорност. Велат дека е секогаш попаметно да учиме од туѓите грешки и лоши искуства, но во човечката природа е да се ни личи страно и далечно додека не го почуствуваме на своја кожа. Се надевам дека свеста ќе се разбуди кај сите кои го третираат вирусот како прашање. Се надевам дека нема да дозволат да гледаат близок како се мачи и бори со вирусот за да го променат однесувањето“, нагласува министерката.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија