Милошоски на Фејсбук се жали за притисок: СЈО ги барало неговите авиони и фирми
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017
Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ пред два часа на социјалните мрежи се пожали на притисок од Специјалното јавно обвинителство.
Антонијо Милошоски тврди дека СЈО прави притисок врз оние кои не мислат исто како Заев, кој го нарекува „аболицираниот“.
Милошоски пишува дека тимот на Катица Јанева бара податоци за тоа дали е тој сопственик на авион и на други фирми.
„СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев, прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам, а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам! Само продолжете, нема да нѐ замолчите!“