29 Април, 2024
0.0276

Милијардери на Балканот: Во Романија има само еден, а во Грција се тројца

Објавено во: Стил 10 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Само пред неколку дена Forbes објави дека во светот има 1426 милијардери со вкупнато богатство од 5.431 трилиони долари. Како и пред 27 години, од кога датира првата ранг листа на милјардери на списанието, па до денес, најмногу милјардери има во САД (442). на второ место е Кина со 122-ца, следи од Русија со 110. На Балканот има најмалку милјардери од кои во Романија има само еден милијардер, во Грција се тројца, а во Турција - 43 на број. Во Бугарија нема ниту еден, како и во земјите од поранешна Југославија. На челните позиции сеуште се Германија (58), Индија (55), Бразил со 46 и Турција со 43. Милијардери во Хонгконг има 39 на број, додека во Велика Британија се 37. Шетајки се низ европските земји, во кој има милијардери, ќе забележиме богаташи и во Романија , Чешка, Грузија, Австрија, Белгија, Италија, Финска, Полска, Шведска, Данска и Грција, каде топ богаташите се тројца. Интересно е да се напомене дека милијардери има дури и во Белизе, Ангола, Непал, Виетнам, Нигерија, Казахстан, но не и во Бугарија. .

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти