19 Мај, 2024
0.0279

Мицкоски: Заев лаже дека не преговара за идентитетот

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа нов протест кој почна со автомобили, а обраќањата беа пред Владата. Во својот говор лидерот на партијата Христијан Мицкоски рече дека овој протест не е партиски затоа што на него има и неопределени и луѓе од повеќе националности. Мицкоски вели дека е лага дека Заев не преговара за идентитетот.

„Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што дирекно го означува нашиот идентитет, додека Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Зоран Заев тргува. Како се случи за неполни 12 часа, од позицијата атмосферата е добра има напредок во разговорите до тоа главен наслов во медиумите да биде фијаско. Тоа е затоа што лаже. Та нели се беше во главата на нас вмровците? Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, a се пазареше за идентитетот, историјата, за Македонија. Денес повторно лаже кога вели дека не преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го демантираат и го тврдат токму спротивното. Лаже и кога вели дека има напредок. Безочно лаже и око не му трепнува, вели Мицкоски.

Тој му порача дека народ има, и само ако се дрзне да чепне по македонски идентитет, култура, обичаи и традиција ќе види што е народ.

„Ќе ти се случи народ, но овој пат нема бегање од тој истиот народ. Кога тој ќе не обвини за лажен патриотизам и хистерија е како квинслинг да ве обвинува за предавство. И во истиот ден кога го кажа тоа обзнани дека ќе се менувале учебниците по историја, дека имало договор за 5 историски личности и дека работата била пред договор за 11 записници. Па еве јавно го прашувам пред вас, за што се договори, за што зборува и преговара, што продаде овој пат, колкава ли е цената на ова предавство? Колку тендерчиња со провизии ќе завршат во оној ресторан во југоисточна Македонија? Што е цената на ова предавство, праша Мицкоски.

Фото: Курир

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична