Мицкoски: Заев бил премиер, обвинител, судија, рекетар, преговарач
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2020
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на маршот за правда изјави дека екс премиерот Зоран Заев е виновен затоа што бил премиер, обвинител и судија.
Вели бил рекетар, преговарач, но и трговец со виталните органи на Македонија.
Мицкоски рече дека правдата е нападната од неправдата.
„На 12 април ќе му го покажеме местото каде му е“, изјави Мицкоски за Заев.
Пред да почне говорот на Мицкоски, беа емитувани „бомбите“ кои јавноста веќе ги знае и кои се слушаа во Собранието, откако ги пушти пратеникот Антонио Милошоски.