„СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Мицкоски со реакција по одлуката на СДСМ да не оди на избори
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш упати реакција на синоќешната одлука на СДСМ да не оди на предвремени парламентарни избори и му порача на претседателот на владеачката партија Зоран Заев дека ќе го победи на следното гласање кога и да се одржи тоа.