Мицкоски: Секој добронамерен сопартиец и граѓанин е добродојден во партијата
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2018
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето прво интервју вечерва на МТВ1, изјави дека врататa во партијата е отворена за сите.
Тој појасни дека ќе има внатрешна реконструкција во партијата, и најави дека ќе се формираат две нови тела, совет на извршен комитет и совет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, со што како што рече, ќе понудат една нова надеж.
„Мотото е обединување, без разлика дали во минатото сме имале различни ставови. Треба да им застанеме на овие штетни политики кои ги води владата на СДСМ, кои не го подобрија квалитетот на животот на граѓаните. Секој добронамерен сопартиец и граѓанин е добродојден во партијата“- вели Мицкоски.
Мицкоски рече дека како млад човек на 40 години има можност да служи на сопствениот народ и граѓаните, како и на државата Македонија во која се родил и се образувал.