Мицкоски: На овие избори одиме со многу нови имиња
Објавено во: Македонија 10 Март, 2020
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција изјави дека на овие избори одат со многу нови имиња.
Вели дека тие се новата надеж и идната победничка опција.
Во ИЕ 1 одат со Гордана Силјановска Давкова, во ИЕ 2 Владо Мисајловски, во ИЕ 3 Игор Јанушев, во ИЕ 4 Александар Николовски, Игор Дурловски во ИЕ 5 и во ИЕ 6 носител на листа е Дафина Стојановска.
Mивкоски вети повеќе работа, повеќе ред, повеќе сигурност, верба дека ќе успееме.
„Одбравме луѓе за кои централниот комитет мисли дека се луѓе победници“, рече Мицкоски.
Тој се заблагодари на сите кои досега дале свој придонес.
Мицкоски рече дека 95 отсто од луѓето се за прв пат на листите.
Вели дека очекуваат историски најголема победа.