05 Мај, 2024
0.0244

ФИНСКА ОД ЈАНУАРИ ПОЧНУВА СО ЕКСПЕРИМЕНТОТ

Месечно по 560 евра на секој невработен, а за последиците никој не мисли!

Објавено во: Свет 21 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

За две илјади Финци државата следната година подгтотвува „остварување на утопијата“: ќе добиваат пари секој месец без никакви обврски, па дури нема да мораат ни да бараат работа.

Се работи за експериментално воведување на таканаречен основен универзален доход, веќе познат под англиската скратенка UBI (universal basic income).

За некои основниот доход е замка која на работодавците ќе им овозможи да ги отпуштаат вработените со мирна совест, а за други замаец кој ќе ја зголеми потрошувачката и ќе го искорени сиромаштвото.

Во секој случај, утописниот сон во кој никој не е на улица, не е гладен, не носи партали и има сигурен приход секој месец за кој не мора да исполни никакви улсови се шири и во други земји и експериментално се испробува во некои места во Холандија и Канада, а за тоа се расправа и во Нов Зеланд.

Финците за тоа дискутирале до 9 септември, а сега, и без анализирани резултати на расправата, одат во примена од 1 јануари 2017 година.

Така по случаен избор помеѓу невработени кои примаат паричен надомест а ќе бидат изберени 2000 од нив и секој ќе добива по 500 евра месечно.

После две години ќе биде споредено однесувањето на таа група невработени со еднаква група која и понатаму ќе прима редовен надомест од бирото, која исто така изнесува 560 евра.

Разликата е во тоа што тестираните ќе може да се вработат а приходот и понатаму ќе им остане, додека остантите невработени ќе ја изгубат помошта ако најдат работа.

За идејата за воведување на телмелен додаток за секој веќе со децении се расправа и истакнува ако со тоа би се искоренило сиромаштвото во земји во кои храна и облека па и станови всушност има и премногу па се чини катастрофално што многумина трпат тешка оскудација.

Интересно е дека за основниот доход се залагаат и некои неолиберални економисти, уште од Милтон Фридмен. Идејата е основен доход да добие секој кој не заработува доволно за живот, а би била одредена и граница на приходи после која основниот доход би и се враќал на државата.

Но, има и такви кои тврдат дека основниот доход за секој е неолиберална замка, со кој само би се постигнало работодавците да можат да делат откази со мирна совест и без социјален притисок. Така би можеле да го задржат само најмалиот број на вработени кои тогаш и сами би работеле под терет на закани дека ќе завршат на основен доход кој веројатно нема да  биде доволен за живот на средната класа, кој би вклучувал автомобил, годишен одмор, школување на деца.

Во Швајцарија на референдум во јуни мнозинството од 77 отсто одбија воведување на темелен доход, но иницијаторите се задоволни затоа што за тоа прашање во конзервативата Швајцарија воопшто сериозно се разговарало.

Таму абициите биле превисоки, предлагале дури 2500 швајцарски франци месечно.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра