Меркел: За многу бегалци е подобро да си одат
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2017
Германскaта канцеларка, Ангела Меркел побара да се забрза депортацијата на имигранти од Германија.
Таа зборуваше денеска на регионален конгрес на Христијанската унија.
Меркел остро ги критикува барањата на владата на провинцијата Шлезвиг-Холштајн за запирање на депортациите.
Во своето обраќање пред приврзаниците и членовите на Христијанската унија, Меркел ја објасни својата позиција за депортацијата на бегалците во Авганистан.
„Шлезвиг-Холштајн е една од оние провинции кои одбиваат да соработуваат во многу области. И таквото однесување е погрешно"- изјави Меркел.
Според неа за многу бегалци е подобро да се блиску до своите родни места, како што тоа важи и за оние од Африка.
„Во текот на следните години, ние ќе посветиме повеќе средства за развој и за хуманитарна помош"- додаде Меркел.
Додека се одржуваше конгресот на Христијанската унија, во соседството имаше демонстрација на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија и контрапротест на антифашисти.