11 Мај, 2024
0.0256

Мексико и САД се скараа поради оградувањето на границата

Објавено во: Свет 27 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Мексиканскиот шеф на дипломатијата, Луис Видегарај изјави дека неговата земја  нема да плаќа за ѕидот што американскиот претседател, Доналд Трамп сака да го изгради меѓу двете држави. 

Вели дека тоа прашање нема да е предмет на преговори. 

„Јасно е дека тоа е почеток на нови односи со претседателот Трамп и со неговата Влада“ - кажа тој.

Видегарај пристигна во Вашингтон предводејќи ја мексиканска делегација за да подготви посета на претседателот Енрике Пена Нието, но вчера Нието ја откажа посетата откако Трамп наведе дека ако Мексико не сака да плати за ѕидот, мексиканскиот претседател нема зошто да доаѓа во Вашингтон.

Трамп оцени вчера дека средбата со мексиканскиот колега би бил „попуст“ имајќи ги предвид несогласувањата меѓу двете држави.

Мексико нема да плати за никаков ѕид, затоа што не верува во ѕидови, порача претседателот Нието, по одлуката на Трамп да почне изградбата на оградата, што треба да го спречи бранот мигранти од Латинска Америка.

Новиот ѕид ќе чини помеѓу 4 милијарди и 10 милијарди долари, но од Универзитетот во Масачусетс наведуваат дека изградба на ѕид долг 1.609 километри ќе чини помеѓу 27 и 40 милијарди долари.


Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена