01 Мај, 2024
0.0491

Меѓаши: Верското образование, обреди и религиски теми се работа на семејството а не на државата

Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Поттикнати од бројните реакции во медиумите и на социјалните мрежи, во врска со сликите од децата кои го посетуваат едукативниот центар „Bleta“ (,,Пчела”) во Чаир, објавени на фејбук страницата, како вршат ритуални обичаи карактеристични за исламот, од детската амбасада МЕЃАШИ потенцираат дека се огорчени од  различните коментари по социјалните мрежи кои се основаат на предрасуди и стереотипи полни со гнев и омраза кон децата.

„Според информациите кои неофицијално ги добивме станува збор за здружение на граѓани ,,Bleta” кое во рамките на своите активности има Едукативен центар за деца од предучилишна возраст и во чии рамки меѓудругото спроведува верски ритуали. Децата кои го посетуваат центарот се деца на родители кои практикуваат  ислам. Родителите самоволно и по свое лично убедување ги праќале децата во тој центар и имале сознание дека тука освен друго се учат и основните верски одредби. Всушност тоа било и причината поради која тие ги запишале децата во таа ,,градинка”. Родителите знаеле каде ги пуштаат децата, тие се дел од тоа здружение и сакаат децата покрај другото да ги научат и верските  практики“, велат од оваа огранизација цитирајќи го член 14 од Конвенцијата за правата на детето -  Слобода на мислење, совест и вероисповед:

1. Државите членки го почитуваат правото на детето за слобода на мислење, совест и вероисповед.

2. Државите членки ги почитуваат правата и должностите на родителите, и, ако е таков случајот, на законските старатели да го насочуваат детето во остварувањето на неговото право на начин кој е во согласност со развојот на неговите способности.

3. Слободата на манифестирањето на вероисповедта или на убедувањето може да потпаѓа само под оние ограничувања што се пропишани со закон и што се неопходни поради заштита на јавноста, сигурноста, редот, здравјето или моралот или основните права и слободи на другите.

Во членот 18 од Конвенцијата за правата на детето меѓудругото се вели дека за се што се презема за детето и во негов интерес, одговорноста ја имаат родителите.

член 18

1. Државите членки ќе ги вложат сите напори за да се уважи принципот двајцата одители да имаат заедничка одговорност во подигањето и во развојот на детето. Родителите или, во зависност од случајот, законските старатели имаат главна одговорност за подигнувањето и за развојот на детето. Интересите на детето се нивна основна грижа.

2. Поради гарантирањето и унапредувањето на правата содржани во оваа Конвенција, државите членки на родителите и на законските старатели им пружаат соодветна помош при вршењето на должноста во воспитувањето на детето и обезбедувањето развој на институциите, објектите и службите за грижа на децата.

3. Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки за да обезбедат децата на вработените родители да ги користат услугите на детските установи и објекти.

Универзална декларација за човекови права  донесена во 1948 година предвидува дека  сите родители имаат право да го изберат образованието кое ќе го добијат нивните деца. Декларацијата за елиминација на сите форми на нетолеранција и дискриминација врз основа на религија или уверување од 1981 година во член 5  предвидува дека родителите или старателите на детето имаат право да го организираат семејниот живот во согласност со нивната религија или уверување имајќи го предвид морално воспитување/обтразование на детето во кое тие веруваат дека детето треба да биде воспитано.

Верското образование, верските обреди, крстења, првата причест и сите религиски теми се работа на семејството а не на државата. Децата кога ќе станат полнолетни сами ќе одлучат дали ќе продолжат да веруваат на ист начин, ќе одберат ли некоја друга вера или ќе бидат атеисти или агностици. Тоа спаѓа во приватната сфера а училиштата и градинките се јавни установи, дополнуваат од Меѓаши.

Велат дека детските градинки се јавни установи и сите кои работат во градинките мора да се придржуваат на позитивните прописи на Република Македонија со кои се гарантира заштитата на детските права и најдобриот интерес на детето и неговиот развој во духот на прифаќање, споделување, примање како и други вредности во духот на мултиконфесионализам.

„Во напредните демократски земји верските активности во воспитно-образовните институции, а меѓу нив и градинките, спаѓаат во корпусот на човековите слободи и основни човекови права.

И кога во Република Македонија би се вовеле вакви верски програми во градинките никако тоа не би требало да биде без согласност на родителите. Од друга страна кога би се донеле такви програми многу е важно и прашањето како тие ќе се спроведуваат. Да не се случи истото што и пред некоја година во основното образование кога веронауката доведе до верски поделби меѓу децата. Можеби затоа е добро да се користат искуствата од овие пракси во земјите кои се поблиску до нас, на пр. Хрватска каде се јавија многу проблеми во спроведувањето на верското воспитување во градинките. Многу од родителите тоа го сметаа за агресивна верска индоктринација и предлагаа посебни верски градинки за оние родители кои сакаат нивните деца да примаат верско образование.

На крајот, но не помалку важно, апелираме до пошироката јавност, родителите, старателите, да ги заштитат децата од секаков тип ширење етничка, верска, национална, расна и други типови омраза. Сметаме дека е неопходно државата да направи регистри за сите дневни и едукативни центри во рамките на граѓанските здруженија и да обебеди следење на програмите на истите“, посочуваат во соопштението до јавноста од оваа организација .

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор